Архива

Говорници на TEDxSkopje 2010

Анастас Мишев, информатичар
Ќе зборува за грид-пресметувањата, потребата од нив, формите во кои тие се манифестираат и правците во кои ќе се развиваат.
Петар Лазаров, економист
Ќе зборува за потребата од постојано учење и себенадградување, како и прифаќање и спроведување на неопходните промени.
Клајд Масгрејв, бизнисмен
Ќе зборува за својот животен модел на делување – да се дава без очекување дека ќе се добие нешто за возврат, без да се плашиме од можноста за неуспех.
Небојша Вилиќ, историчар на уметност
Ќе зборува за одговорноста во јавното излагање, преку анализа на концептите за агората, книгата и блогот.
Игор Трајковски, информатичар
Ќе зборува за техники кои се потпираат на човековото пресметување -  решавање на алгоритамски проблеми, каде дел од пресметките се извршуваат со несвесно учество на корисниците.
Никос Чаусидис, археолог
Ќе зборува за важноста на производството низ историјата на идеите, односно за религиските и познајните аспекти на трудот.
Petar PavlovПетар Павлов, графички дизајнер
Ќе зборува за начините и предностите на „гимнастика“ во други области, неповрзани со главната професија на поединецот.
Ilina JakimovskaИлина Јакимовска, етнолог
Ќе зборува за спрегата помеѓу јазикот и светогледот преку примери на тешко преводливи зборови, апелирајќи против интелектуалната мрза во пронаоѓањето нови јазични решенија.
zoran ivanovski - marsЗоран Ивановски, eлектроинженер
Ќе зборува за својот критички однос кон новите технолошки изуми; колку се потребни, а колку наметнати.
Nevena AckovskaНевена Ацковска, биоинформатичар
Ќе зборува за терминолошката поврзаност помеѓу информатиката и генетиката, толкувајќи ја ДНК како оперативен систем
Гоце Митевски, графички дизајнер
Ќе зборува за неговиот модел на графикони и како ефективно да промовираш своја идеа преку Интернет.
Никола Узуновски, ликовен уметник
Ќе зборува за современата уметност и своите проекти, опфаќајќи ги темите на односот помеѓу уметноста и науката, индивидуалноста и општеството.

Фотограф: Станимир Неделковски