Петар Лазаров

Петар Лазаров, економист

(р. 1978, Прага, Р. Чешка)
Петар Лазаров вели дека живееме во една многу интересна и возбудлива ера. Време на промени. Промените значат ново и непознато, знaчат поместување (дестабилизација) од конфорната зона, но исто така, промената значи и прогрес, просперитет и можност за случување на убави нешта.

По завршувањето на студиите во 2000 год., на Економскиот факултет во Скопје,  Петар Лазаров својата професионална специјализација ја гради преку едукација, анализа и примена на маркетингот како мултикомплексна дисциплина.

Во моментов е ко-сопственик на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, консалтинг и трговска фирма, единствена од тој тип во Македонија, која им помага на компаниите да го развијат својот бизнис или да ги пласираат своите производи надвор од Македонија.

Преку своето долгогодишно професионално искуство во полето на маркетингот и продажбата, а и како претприемач и сопственик на приватна фирма, постојано е изложен на и зависен од промените и тековите што се случуваат како на локално, така и на меѓународно ниво. Основната причина за состојбата во која се наоѓаме, тој ја гледа, пред сè, во ниското ниво на едукација во која и да е област на работење и живеење. За таа цел, целокупното работење и развој на својата фирма ги базира на постојано инвестирање во едукацијата и развојот на своите кадри.

Проектот за намалување на внатрешниот долг, лансиран во 2009 година од страна на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, е алатка која ќе им помогне на македонските компании да ги намалат своите должничко-доверителски односи и полесно да се справат со предизвиците на глобалната економска криза. Проектот е подарен на македонската деловна јавност, која може бесплатно да го користи.

www.macedonia-export.com
www.macedonia-consulting.com

„Изборот е оружје за масовно уништување” – Петар Лазаров