Минас Бакалчев

Минас Бакалчев, архитект и професор

Минас Бакалчев е архитект и професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Архитектонски факултет, Скопје / магистрирал на Универзитетот во Белград, 1991 / докторирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2004. Учесник и ко-куратор на Македонскиот национален павилјон на Венециското Биенале за кој добиле посебно признание  со проектот „Град на можни светови” за 2008 година.

Заедно со Митко Хаџи Пуља под акронимот МБМХП  работат заедно на архитектонски проекти,  работилници, изложби. За нивното делување и придонес во архитектурата добиле низа национални и градски награди. Веруват дека архитектурата може да го промени светот во мерка во која тој не менува нас.