Илина Јакимовска

Илина Јакимовска, етнолог

(р.1971 г., Скопје, Македонија)

Илина Јакимовска eтнологијата ја поставува во дневно светло, приложувајќи ја пред нашиот невнимателен поглед.

Илина Јакимовска е доктор по етнолошки науки. Работи како доцент на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Докторирала на тема „Телото во македонската народна култура: нормирање, воспитување, надзор и казнување“. Предава историска и визуелна антропологија, фолклор и антропологија на родот.

Пишува кратки раскази и поезија („Сонце во тегла“, 2009). Објавила и две теориски книги од областа на етнологијата и антропологијата: „Амбар на душата – етичкото во поговорките“ и „Телото – етнолошко-антрополошка студија“. Го уредува книжевниот блог „Букбокс“ на www.on.net.mk.

„Лирското и ерудитивното кај Јакимовска се поврзани со неверојатно интелигентен хумор, со иронија што не удира шлаканици, туку скокотка и ве тера да поверувате во убавината на деталите. Нејзиното пишување се карактеризира со изразено чувство за мерка и за ритам, кој по дефиниција финишира со вешто изведени поенти, оргазмички заклучоци што удираат директно во свеста на читателот.“
- Илија Упалевски

Повеќе информации за Илина Јакимовска прочитајте на нејзиниот вебсајт: https://sites.google.com/site/ilinajakimovska/home