Гоце Митевски

Гоце Митевски, графички дизајнер

(p. 1982, Скопје, Македонија)

Во постојана потрага по различни начини на креативно изразување, Гоце Митевски е во целост отворен кон светот.

Гоце Митевски е слободен графички и веб-дизајнер, блогер, голем љубител на фотографија, компјутерска анимација, три-де визуелизација, фото-реализам и музика.
Своите креативни почетоци ги бележи правејќи инвентивни компјутерски презентации за целите на предметот Историја, во гимназијата „Раде Јовчевски – Kорчагин“. Подоцна, преку два телевизиски проекти, две емисии за компјутерски технологии – „Ентер“ и „Инбокс“, успева да дојде во директен контакт со креативноста при создавањето на телевизиски содржини. Во меѓувреме, го завршува високото образование и како дипломиран софтверски инженер и понатаму продолжува да открива и истражува различни начини на креативно изразување, за конечно сопствената професија да ја пронајде некаде помеѓу графичкиот дизајн и дизајнот за веб.

Денес, Гоце Митевски работи на повеќе лични проекти, меѓу кои позначајни се „How fast does your PC boot?“ –  видео реклама за слободниот оперативен систем Ubuntu, и проектот Contest Watchers – веб-сајт, кој е од голема помош за секој дизајнер и со кој значително се олеснува пронаоѓањето на меѓународни натпревари за дизајн.

graphs.nicer2.com

„Дај му идеја на светот и тој ќе те награди.“
– Гоце Митевски