Елена Б. Ставревска

Елена Б. Ставревска, истражувач

Елена Б. Ставревска работи како истражувач на меѓународниот проект „Култури на управување и решавање на конфликти во Европа и Индија“, кој е финансиран од Европската унија и поврзува десет универзитети и истражувачки центри од светот. Истовремено, Елена моментално е во завршната фаза на докторатот по политички науки на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, каде има и магистрирано на меѓународни односи и европски студии.

На истиот универзитет Елена повремено држи предавања од областа на европската безбедност. Главниот фокус на нејзината докторска дисертација е секојдневниот живот во пост-конфликтни општества, конкретно во Босна и Херцеговина, и општествениот поредок што се гради на основа на мировен договор.

Има остварено студиски престои на Универзитетот во Торонто и на Институтот за европски политики од Берлин. Автор е на повеќе академски трудови, објавени на англиски и германски јазик.

Од неодамна, делумно како резултат на сопствениот номадски живот во последните неколку години и живеењето во различни градови низ светот, истражувачкиот интерес ѝ е насочен кон врската меѓу јавниот простор и (ре)креирањето на индивидуалниот идентитет на граѓаните.