Клајд Масгрејв

Клајд Масгрејв, бизнисмен

(Сан Антонио, Тексас, САД)

Истакнат технички инженер и бизнисмен во мисија за инспирирање и поддршка на претприемници во нашата земја..

Клајд Масгрејв е бизнисмен, технолог, врвен инженер, комуникатор и претприемач.

Во својата магистратура, Клајд ги проучувал претприемништвото и комерцијализацијата на технологијата. Оваа невообичаена комбинација на стручна техничка способност и бизнис анализа му помага да ги спроведе своите вештини во практични форми во светот на бизнисот.

Како дел од својата деловна кариера, Клајд работел во Џенерал Електрик (General Electric) за време на нивното превземање на RCA (Radio Corporation of America); бил дел од тимот за стратешки развој во GTE (денешен Verizon); бил главен референт за технологија во Ефишент Нетворкс (Efficient Networks, сега дел од Сименс); директор за развој во корпорацијата Сарноф (Sarnoff Corporation), каде работел на нивниот биометриски скенер IriScan.

Во Ефишент Нетворкс, првенци за xDSL бродбенд комуникација за компании и домаќинства, работел на подготвките компанијата да биде превземена од страна на Сименс за 1,2 милијарди долари,. Во исто време, бил заменик директор и главен менаџер на една Сименс компанија за софтвер, каде бил одговорен за повеќе од 50 вработени, со годишен промет од 25 милиони долари.

Врв на кариерата на Клајд во јавниот сектор е неговата соработка со Винт Серф во извршениот комитет на ARPANET, во доцните 70-ти, кога се дефинираа стандардите за интернет протоколот (IP).

Д-р Клајд има регистрирано 11 патенти во САД. Еден од неговите понови бизнис проекти е Prevocative, основан во 2010 во партнерство со Мајкл Норт.