“Едукацијата како основа за промена” – Петар Лазаров

Tuesday, February 8th, 2011

Во „Едукацијата како основа за промена“, Петар Лазаров зборува за потребата од постојано учење и себенадградување, како и прифаќање и спроведување на неопходните промени.

Благодарност до:
Видео монтажа: Cre8ive8

7 Коментари

  1. Маја says:

    Тапа. Штета, толку добра тема сведена на муабет „На кафе со консултантот Петар“. Во ова излагање не слушнав ништо ново вредно за споделување. Ова не е добра слика за консултантскиот занает во Македонија.

  2. Стојан says:

    Браво! Само овој заслужува пофалба од сите овие на TEDx. Другите или гледаат во земја, или не комуницираат со публиката или користат несоодветен јазик и стил. За „едуцирани“ луѓе, голема грешка.

    Можеби другите ќе го слушнат повикот на Петар Лазаров, како што е изнесен тука, па ќе се подобрат во иднина.

  3. Samoil says:

    …некреативно, лош предавач итн. Кој критериуми ги имате за настап на ТЕД Скопје??? Темата е одлична, а содржината и излагањето е катаклизмично. Ужасно лошо излагање!!!

  4. Ирена says:

    Најлошото предавање на TEDx Скопје.

  5. Сања says:

    Со еден збор: тропање.

    Иако оптимизмот е неспорен, се друго е спорно.

    Акцентот на говорникот на темата „едукација“ е целосно неедуциран. Нашиот јазик има трисложен акцент, а говорникот го промашува во 90 отсто случаи.

    Едукација на македонски се вика образование. Говорникот се обидува да направи разлика меѓу двете, ама таа разлика се нивелира до некоја плитка психологија од женски списанија.

    Да не зборам за коментарите од типот: „Циганката“… и: „Читам саат време дневно“…
    Саат време чита, во денешни услови, и теткицата од мојата самопослуга, која е Ромка.

    „Престанете да пушите. Престанете да ги грицкате ноктите.“
    Да беше толку лесно, ќе престаневме, Мистер Опра.

    Недоволно, плитко и тапо. За жал.

  6. Филип says:

    Одличен говор, браво !! Конечно професиноален говор и тоа на македонски.
    Секоја чест за дечкото, штета што некој не може да го разбере, а уште поголема штета е што некои од невкусните коментари погоре кажуваат какво ниво на култура има младиот академски граѓанин на Македонија.
    FOR THE LOVE OF GOD !!
    ДО КОГА!?

  7. Dragan says:

    Bravo Petar. Super si. Treba samo odredeni promeni da napravis vo ova prezentacija i ke bides podobar.

Напишете ваш коментар