Кој ја организира оваа конференција

Оваа јавна иницијатива на неформална група граѓани не е регистрирана како невладина организација, ниту фирма. Ние како организатори не застапуваме никаква политичка, економска, етничка или верска програма, постоечки друштва, здруженија или институции. Единственото нешто за што се залагаме е поткревање на интелектуалното ниво на јавните дискурси во нашата средина. Преку оваа конференција сакаме да создадеме чиста и отворена платформа за разговор на теми кои нè засегаат сите нас лично и кои се од светско и антрополошко значење.
Организациската структура е прилично едноставна. Имено, сите задолженија се поделени помеѓу тимови и секој тим е застапен со најмалку еден претставник во организацискиот одбор.

Благодарност до АКТ Скопје кои безрезервно се вклучија во реализацијата на TEDxSkopje City2.0.