Зоран Ивановски

Зоран Ивановски, електроинженер

(р. 1966 г., Битола, Македонија)

Потрагата по новото ниво на разбирање на нештата, Зоран Ивановски ја гледа како чекор кон доближување на нештата кон нас. Евалуацијата на новите идеи за него секогаш е поврзана со човекот.

Зоран Ивановски дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде ги завршил и магистерските студии. На истиот универзитет се стекнал и со звањето Доктор по технички науки. Вработен е како доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, каде држи предавања по повеќе предмети од областа на електрониката и дигиталното процесирање на фотографии и видеа.

Учествувал во редица истражувачки и апликативни проекти со повеќе странски и домашни универзитети и компании, а како истражувач престојувал и на Државниот универзитет на Аризона (Arizona State University), во Темпи, Аризона.

Неговото поле на научен интерес е во областа на дигиталното процесирање на сигнали, посебно во областите: дигитална обработка на фотографија и видео, кодирање на фотографија и видео, анализа на фотографија, компјутерска визија. Последните неколку години своето внимание го насочил кон премостувањето на јазот помеѓу новите технологии и човекот- корисник. Согледувајќи го расчекорот меѓу зголемените квантитативни можности на новите технологии и семантичката природа на човекот, денес Зоран Ивановски се обидува да вгради дел од нашето разбирање на визуелниот свет во машините.

dipteam.feit.ukim.edu.mk