Невена Ацковска, биоинформатичар
(р.1975 г., Скопје, Македонија)
Информатичар чиј интерес се суштествата; оние создадени од природата, како и оние создадени по инженерски пат: генетски, механички и софтверски.
Невена Ацковска е доцент на Институтот за информатика, при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Се стекнала со диплома по Компјутерска техника, информатика и автоматика на Електротехничкиот факултет (2000 год.), магистратура по Вештачки интелигентни системи подобласт Биоинформатика (2003 год.) и докторат во полето на биоинформатиката (2008 год.) од Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1995 година поминала една академска година на студии на Универзитетот на Масачусец, во Амхерст, САД.
Тема на интерес на нејзините истражувања се две, навидум, различни области: биоинформатиката и интелигентите системи. Фокус на нејзиниот интерес се сите суштества, како живите, така и вештачките. Нејзините интереси се начините на создавање, развој и вдахнување живот на сите суштества.
Автор е на четири книги и повеќе од 30 статии во областа на интелигентните системи и биоинформатичките системи. Добитник е на повеќе награди на национални и регионални натпревари по математика и биологија.
www.ii.edu.mk/people/nevena