За нас

Што значи „Скопје“ во TEDxSkopje

Називот TEDxSkopje значи дека конференцијата ќе се одржи во Скопје, но не и дека ќе се однесува директно или единствено на Скопје, ниту пак дека Скопје е главна тема за дискусија. Па така, се обидовме да дојдеме до личности од нашето општество кои имаат идеја што е важна за нив, но и важна за секој од нас, па и за целиот свет. повеќе

Што ќе понуди TEDxSkopje

Бројката од 12 говорници ја одбравме како најобјективна за еднодневна TEDx-конференција. Изборот на говорниците беше направен со помош на јавен оглас за номинирање кој беше објавен во облик на веб-фомулар и споделен преку социјалните мрежи. Од долгата листа на предложени кандидати, по пат на истражувања и интервјуа, се формира конечната група говорници за настанот. повеќе

Кој ја организира оваа конференција

На почетокот на оваа година неколку TED-ентузијасти формираа гугл група за преводи на TED-видеа на македонски јазик, која набрзо прерасна во иницијатива за организирање на TEDx-настан во Скопје. Истовремено и независно од тоа, Скопското астрономско друштво започна да ги разгледува условите за добивање лиценца од TED за независно организиран TED-настан. повеќе

Лиценца

TEDxSkopje е независено и самостојно организиран настан. TED ја доделува лиценцата за организирање на конференција по нивниот модел, со јасно одредени упатства, насоки и правила, како и брендот TEDx, со што настанот се вклучува во светската мрежа на TEDx-конференции. TEDx-лиценцата ги одредува строгите параметри за зачувување на извонредно ефективниот формат на самите презентации, а и конференцијата воопшто, но уште поважно е што го носи духот на TED во нашата земја. повеќе