Игор Трајковски

Игор Трајковски, информатичар

(p. 1977, Скопје, Македонија)

Веќе неколку години Игор Трајковски успешно го користи богатото искуство стекнато во светки институти и фирми како Google, применувајќи го на локални проекти, збогатувајќи ја македонската интернет сфера со практични структури.

Игор Трајковски е доктор по компјутерски науки и работи како професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за информатика, во 2001 година. Магистрирал со теза од област на информатичките науки на Институтот „Макс Планк“ во Сарбрукен, Германија, во 2004 година. Докторирал со теза од област на информатичките науки на Институтот „Јожеф Штефан“ во Љубљана, Словенија, во 2007 година.

Покрај неговата успешна академска кариера, може да се забележи и дека има работено две години во компанијата Гугл (2007-2008 г.), како и дека е основач и креатор на македонскиот агрегатор за вести Time.mk, еден од најпосетуваните сајтови во Македонија, и пребарувачот за македонски содржини Borg.mk.

Тема на интерес на неговите истражувања се вештачката интелигенција, компјутерската обработка на природните јазици, биоинформатиката, паралелните алгоритми и напредните структури на податоци. Крајна животна цел му е да создаде интелигентна машина со размислувачки способности еднакви или поголеми од оние на човекот. Тој смета дека тоа е последниот научен проблем, кој човештвото треба да го реши.

“Еден од ретките Македонци кој работел во светски познатиот пребарувач Гугл. Има големо влијание врз студентите, обидувајќи се кај нив да го поттикне претприемачкиот дух, поради што е обожуван каде и да се појави.”
- Наташа Црвенковска, Глобус Магазин

http://www.time.mk/trajkovski/