TEDxSkopje IoT, 21.11.2015

sharma

Кога и каде
Ве покануваме на конференцијата TEDxSkopje IoT, која ќе се одржи на 21 ноември 2015 година, во ibankStore на Стопанска Банка на Кејот на реката Вардар.

Влезници
Влезницата за TEDxSkopje IoT е бесплатна, но бројот на посетители е ограничен на 100, согласно добиената TEDx лиценца.
Пред дефинитивно да добиете влезница за TEDxSkopje IoT, преку е-пошта неколку пати ќе биде побарано од Вас да го потврдите своето присуство.

Времетраење
TEDxSkopje IoT е неколкучасовна конференција.
Вашето присуство е задолжително во времетраење на целиот настан.

Говорници
Игор Стаматовски/KHAL
Praharshit Sharma
Игор Стаматовски/ iborn

Програма
Конференцијата ќе се состои од 2 сесии.
Во секоја сесија ќе се одржат презентации во живо, од страна на најавените говорници и по една проекција на снимена презентација од TED. Организаторите го задржуваат правото да вметнат говорник, на место на најмногу 2 (две) проекции.
За време на сесиите не се дoзвoлени дискусии и прашања од публиката. За таа цел, по секоја сесија следува пауза, на која сите говорници и посетители во неформална атмосфера ќе имаат можност да дискутираат за темите кои биле изложени.

Повеќе информации може да најдете на tedxskopje.mk.
Доколку имате прашања, слободно обратете се на contact@tedxskopje.mk.

Ви благодариме за интересот.

Пријави се овде

Ве молиме, при пополнување на пријавата, користете кирилица.

Напишете ваш коментар