Шутка Рома Рап

Шутка Рома Рап

Од почетокот на деведесеттите години младите во ромските урбани заедници ширум Европа започнаа со создавање на нов, нестандарден идентитет преку адаптирање субкултурата на хип хопот во нивната локалната средина. Заради јасно изразените паралели помеѓу ромските маала и американските гета интересот кон рапот и неговите најпопуларни претставници брзо растеше. Се шпекулира дека дури педесет отсто од публиката на скопскиот концерт на Џејмс Браун беа неговите фанови Роми. Повеќе од деценија и половина хип-хопот е слушан и изведуван во ромската општина Шуто Оризари – Шутка во Скопје, постојано добивајќи на популарност меѓу локалното население особено младите, кои се среќаваат во “рап” студијата во Шутка, на повремените хип-хоп натпревари на Ромската телевизија и на хип-хоп и R&B забавите во локалното диско. Бунт и провокација се нивните сол и бибер, а потиснатиот гнев ја обезбедува жештината.

Компилацијата I Šutka tani mo than (Шутка моето родно место) издадена од страна на FOSIM (македонски Сорос) Фондацијата во мај 2010 година е прва излезена амбициозна презентација на најдобрите ромски рапери од Скопје, од нејзината првична продукција во ромските демо студија (некои снимки произведени таму се наповторливи), па се до финишот во амбиентот на едно респектабилно Скопски студио. Компилацијата го прифаќа разновидниот локален ромски пристап кон хип-хопот, од ромски етно R&B се до метал панк рап. Во ноември 2010 година успеа да стигне до позицијата 15 од престижниот WMCE (Светски Музички топ листи Европа) и во 2010 година на позицијата 118 – како локално македонско издание без поддршка на ЕУ врз основа на главните светски музички издавачки куќи/агенции – и доби бројни позитивни реакции во светските музички кругови.

Благодарение на таквите топли повратни реакции настапите во живо израснаа надвор од студискиот проект.