TED | TEDx

За TEDx, x=независно организиран настан

Во духот на „идеи вредни за споделување“, TED создаде програма наречена TEDx – локални самоорганизирани настани, преку кои се зближуваат луѓе кои сакаат да го доживеат TED искуството.
На TEDx настаните, преку TED говори на видео и во живо, говорниците се обидуваат да иницираат длабоки дискусии и да креираат релации помеѓу малите групи.
Овие локални, самоорганизирани настани се брендирани под логото TEDx, каде x=независно организиран TED настан.

TED Конференцијата обезбедува генерален водич за TEDx програмата, но индивидуалните TEDx настани се самоорганизирани. *

(*Според утвредни правила)

За TED

TED е непрофитна организацијарма посветена на „Идеи вредни за споделување“.

TED започна во 1984 година како место каде се собираат иноваторите и лидерите во сферите на технологија, забава и дизајн. 26 години подоцна, TED стана идеологија за глобална заедница на индивидуи кои веруваат во моќта на „Идеите вредни за споделување“.

TED (Technology, Entertainment, Design – технологија, забава, дизајн) е независна непрофитна фондација од САД, чие влијание и популарност во последните 25 години успеа да се прошири низ целиот свет, анимирајќи следбеници со визија за иднината под слоганот „идеи вредни за споделување“ (“ideas worth spreading”). Централниот настан на TED е годишната конференција во САД, на која врвните светски умови имаат по 18 минути да ги презентираат своите идеи. Нивните презентации се објавуваат на официјаниот веб портал TED.com.

За илустрација, помеѓу стотиците досегашни говорници на TED се вбројуваат:
Bill Gates, Al Gore, Jane Goodall, Elizabeth Gilbert, Sir Richard Branson, Nandan Nilekani,Philippe Starck, Ngozi Okonjo-Iweala, Isabel Allende и поранешниот британски премиер Gordon Brown.

Оваа централна годишна конференција се одржува во Лонг Бич со симултaн пренос во Палм Спрингс, додека пак TEDGlobal е конференција која се одржува секоја година во Оксфорд. Иако на почетокот таа била главно насочена кон темите технологија, забава и дизајн, со текот на времето се проширила и на култура, уметност, наука, бизнис и глобални проблеми, така што сега практично нема ограничувања во темите кои се презентираат.

Главната цел е да се соберат на едно место истакнати визионери и талентирани ентузијасти, кои ќе овозможат создавање атмосфера за ширење креативни идеи од различни области. Говорниците пред публика, во живо, ги презентираат своите идеи и размислувања на интересен и разбирлив начин.
Сите презентации се снимаат и се поставуваат на порталот TED.com, каде се достапни бесплатно.
Отворениот проект за преводи им овозможува на преведувачи – волонтери да објавуваат преводи на секое објавено видео на порталот.

Фондацијата TED е исто така позната и по доделувањето на TED наградата со која им се овозможува на најдобрите говорници да остварат една своја желба, односно да реализираат една визија со која ќе го променат светот.

Следи го TED на Twitter: twitter.com/TEDTalks,
или на Facebook: facebook.com/TED

Конференцијата TEDGlobal 2010, “And Now the Good News,” беа одржани во Јули 13–16,2010, во Оксфорд , Велика Британија. Настанот TED2011, “The Rediscovery of Wonder,” ќе биде одржан во Фебруари 21–25, 2011, во Лонг Бич, Калифорнија со паралелен пренос – TEDActive во Палм Спрингс, Калифорнија.