Небојша Илијевски

Небојша Илијевски, продуцент

Небојша Илијевски, аналитичноста на дипломиран машински инженер ја аплицира на социјалната сфера и медиумите. Дипломираше на Машинскиот факултет во Скопје, за потоа да се насочи кон медиумите и социјалниот адвертајзинг. Документарист, продуцент на иновативни ТВ програми, косопственик на агенцијата за социјален адвертајзинг – Партес, 14 години работи на проектирање и имплементација комуникациски пристапи за медиумска комуникација на социолошки феномени.

Дописник на РТС, БКТВ, иницијатор на конференции со агенда на подобрување на комуникацијата меѓу културните работници и медиумите и медиа консултант на тема – Специфичности во известувањето на социлошки феномени во општеството во ЈАР и во Италија.  За УНИЦЕФ, ИОМ, УНДП и организации со слични мисии во регионот, во Африка и во Европа, со Партес развиваше и имплементираше стратегии за освестување за декадентни социолошки феномени и за подигање на личната култура и култивираност на граѓанинот во јавната сфера. Стои зад проектот www.nukleus.tv , продукциски и дистрибутивен медиа сервис кој обезбедува АВ материјал во бродкастинг квалитет, направен со цел овозможување рамноправен пристап до информации на сите медиуми. Потенцијалот за прогрес на општеството го гледа во обилното комуницирање на убавото и култивираното во јавната сфера и преку медиумите и во инсистирањето на добивање согласност од поединецот да го ограничи сопствениот негативен влог во него.

Партес стратешки го планира развојот и комуникацискиот настап на активистичкото улично списание „Лице в лице“ затоа што верува во интегрирачкиот потенцијал што го шири духот околу активностите на магазинот.