Митко Хаџи – Пуља

mitko

Митко Хаџи – Пуља, архитект

Митко Хаџи – Пуља е архитект и редовен професор на Архитектонскиот Факултет во Скопје при Универзитетот св. Кирил и Методиј. Магистрирал на универзитетот во Белград на тема од областа на архитектонската композиција, а докторирал на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје на тема за феноменологијата на архитектонскиот простор. Учесник и кокуратор на Македонскиот национален павилјон на Венециското биенале за архитектура за кое добиле посебно признание со проектот „Град на можни светови“, 2008 година. Учествувале на архитектонски изложби во Венеција, Берлин, Њујорк и Виена заедно со Минас Бакалчев, под акронимот МБМХП, работи заедно на архитектонски проекти, работилници, претставувања и изложби. За својот труд добиле повеќе национални и градски награди. Веруваат дека со архитектурата, светот може да стане поубав.