Марија Зафирова

marija

Марија Зафирова, театарски продуцент

Со претходна диплома по економија и исклучително бизнис портфолио и работно искуство, Марија развива посебен пристап во работата на театарот. Ги завршува вторите студии по продукција при Факултетот за драмски уметности и е единствен студент кој оформил свој независен театар уште за време на своите студии.

Продукција и основање театар, со јасна визија за уникатен репертоар и жанрови, во различни творечки услови и простори од мејнстримот во социјалната сфера, притоа насочен кон уметнички и културни промени, е редок напор. Тоа се воедно и целите на оваа независна продуцентка преку кои ја нагласи агендата за подигнување на свеста за моќта и потенцијалот кој театарот го носи и за развој на независен театарски пристап.

Како продуцент, таа е пример за градење на креативна средина, театар кој поставува нови стандарди и отвора нови видици и нешто за кое Марија силно се бори, а тоа е афирмација на млади уметници и творци. Со ова таа направи круцијален чекор за вкупниот тренд во културата и општеството.