Александра Шекутковска

aleksandra-new111

Александра Шекутковска, архитект

­

Александра Шекутковска работи како архитект, дизајнер и млад истражувач на полето на урбаниот дизајн. Во 2012та магистрирала на ETH Zurich со теза:  Урбан дизајн на територии во развој на контекст населби во Рио-Cidade de Deus и Сао Пауло.

Дел е од тимот на автори кој ја изработува публикацијата Cidade de Deus- City of God, Working with informalized Mass Housing in Brazil (Ruby Press).

Книгата претставува студија за хибридната средина на неформалните населби и развиток на прототипови и модели коишто ја надградуваат архитектонската праска во однос на планирањето на неформалното. Урбанистичките проекти се претставени во рамките на изложбите Sao Paulo Calling и Ideias de a para uma Cidade Maravilhosa, Studio X.

Претходно дипломирала на Архитектонскиот Факултет во Скопје со дипломска работа Македонско село – сценарио за обнова, с. Штавица, Мариово. Има објавувано текстуални истражувања посветени на градот коишто имаат различни теми: трансформација преку нови урбани идентитети, градови на кондензирани дихотомии, сензитивни урбани и рурални морфологии и фавела-архитектура на идентитети. Соработувала со повеќе архитектонски студиа во Скопје.

Во 2009та го основа Laser Cut Design Laboratory, студио за експериментирање во современиот дизајн. Манифестот на студиото е да се создава преку концепти и теми за индивидуални градови, приказни, сезони и модели; да се развива преку идејата за паралелно размислување и продукција којашто ја синтетизира архитектурата, градот и визуелната експресија на дизајнерот во еден, единствен продукт. Делата се изложувани во рамките на Skopje Design Weеk, Skopje Fashion Week, Remix Belgrade како и повеќе индивидуални презентации и изложби на студиото.

http://lasercutdesignlab.blogspot.com/

Градовите ги доживува како колаж на непредвидливи настани, спој на интелектуалното и неписменото, сиромашното и богатото, формалното и неформалното, возрасните и децата, минатото и иднината, популарното и наученото, top down и bottom up процесите за да се постигне максимална архитектонска експресивност и континуирано мечтаење за идентитети.