Петар Павлов

Petar Pavlov

Петар Павлов, графички дизајнер

(р. 1988 г., Кочани, Македонија)

Петар Павлов фасцинира со инвентивноста во својот дизајнерски пристап, умешно поврзувајќи ја формата, функцијата, декорот и брендот во радикално конзистентен концепт за производ.

Петар Павлов ги завршил студиите по дизајн и визуелни комуникации на Академија Италијана. Вработен е во Меккен Ериксон, една од водечките маркетинг-агенции во Македонија и во светот. Експерименталната работа за време на академските студии, заедно со искуството стекнато работејќи за големи клиенти, како The Coca-Cola Company, Bacardi и Nestlé, помеѓу другото, му овозможи да развие сопствен дизајн-процес, кој е комбинација на стратешко и визуелно размислување. Како резултат на ова, тој ја проширува својата професионална дејност, движејќи се од областа на дизајнот кон областа на истражувањето и развојот (Research & Development), во склоп на истата агенција, Меккен Ериксон.

Освен проектите поврзани со реални клиенти, Петар Павлов постојано работи и на лично иницирани проекти, кои му овозможуваат да развива решенија надвор од стандардните очекувања, предизвикувајќи го и сопствениот пристап кон работата.

http://www.petarpavlov.com
http://twitter.com/petarpavlov
http://www.facebook.com/petar.pavlov