TEDxNiš – стриминг во живо во “Клуб на новинари”
Утре ( 04.06.2011, сабота) се одржува TEDxNiš, конференција организирана од страна на нашите најблиски соседи. Во овој контекст, со големо задоволство ве покануваме заедно да го преоследиме TEDxNiš со стриминг во живо: Локација: Клуб на новинари Почеток :12:00 Можете да се пријаватите за присуство на Facebook настанот Ве молиме со вас да си понесете добро [...]
Почеток на иницијатива за TEDxSkopje 2011
Мотивот, ентузијазмот и иницијативата за пронаоѓање на “идеи вредни за споделување” продолжуваат и оваа година. Организаторите на минатогодишниот TEDxSkopje ги консолидираа своите амбициозни тимови и започнаа со активности во потрага по нови, свежи, харизматични и уникатни говорници. TEDxSkopje е независен настан, организиран по лиценца, правила и насоки дефинирани од светски познататата конференција TED (ted.com). Мисијата [...]
Последна проекција на видеа – 25.03.2011 во 19 ч. Клуб на новинари
Серијата пост-TEDxSkopje собири ќе ја затвориме со говорите на Небојша Вилиќ, Клајд Масгрејв и Никос Чаусидис. Како и до сега, говорниците ќе бидат присутни да одговорат на прашања од публиката, да проговорат за реакциите на нивните говори по конференцијата и за тековни проекти во кои се вклучени. Повелете во петок, 25.03.2011 во 19 часот во [...]
Проекција на видеа: трета/четврта сесија (1 дел) – 25.01.2011 во 20 ч. Клуб на новинари
Поради вонредни околности, овој пат ќе направиме микс од двете преостанати сесии и ќе ги проектираме говорите на Петар Лазаров, Илина Јакимовска и Никола Узуновски. Како и до сега, говорниците ќе бидат присутни да одговорат на прашања од публиката, да проговорат за реакциите на нивните говори по конференцијата и за тековни проекти во кои се [...]
Проекција на видеа: втора сесија – 22.12.2010 во 19 часот во Клубот на новинари
Видеата од втората сесија веќе се спремени да ви бидат презентирани. Сите што не можеа да присуствуваат на главниот настан еве ви можност да ги погледнете за прв пат овие 3 говори. А за тие што беа таму уште едно потсетување на говорите и дружење со големиот број на TED ентузијасти во Македонија. Ве покануваме [...]
Проекција на видеа: прва сесија – 01.12.2010 @ клуб-ресторанот МКЦ
Додека организацискиот тим на TEDxSkopje беше во пост-конференциска дремка, пријателите од Creative8 во текот на ноември работеа на монтажата на аудио и видео материјалите од говорите. Еве нè повторно со серија од 4 настани на кои премиерно ќе бидат прикажани говорите во видео формат, онака како што набргу ќе може да бидат видени и на [...]
Статистики од видео стримингот
Голема благодарност до One.mk, NewMedia.mk и Livestream што го овозможија. (Кликнете на сликата за поголема верзија.)
Ви благодариме за TEDxSkopje
Програма за првиот TEDxSkopje на 30.10.2010
Сесија 1 @ 9:00 ч. Петар Павлов, графички дизајнер Ќе зборува за начините и предностите на „гимнастика“ во други области, неповрзани со главната професија на поединецот. TED видео Ход Липсон гради само-свесни роботи. Невена Ацковска, биоинформатичар Ќе зборува за генетика низ терминологијата на информатиката, толкувајќи ја ДНК како оперативен систем. Игор Трајковски, информатичар Ќе зборува [...]
TEDx е за сите оние што сакаат да споделуваат идеи
Присуствувањето на настанот во МКЦ за жал е ограничено, но тоа не значи дека не можете да направите свој мини (или макси) TEDx собир со вашите пријатели или колеги и заедно да го гледате стримингот од настанот и да дискутирате за идеите што се презентираат. Како што прочитавме на Twitter и Facebook, веќе има планови [...]
Заврши периодот за пријавување
Од овој момент ја повлекуваме пријавата за присуство на TEDxSkopje. За изборот ќе Ве известиме на 15-ти октомври. Ви блаодариме на сите кои аплициравте и лично ја поддржувате оваа конференција. За повеќе информации за програмата и говорниците следете ги новостите на нашиот вебсајт и на facebook. Доколку имате некакви пашања слободно контактирајте нè.
21 ден до TEDxSkopje
Вчера вечер (6-ти октомври) во Музејот на град Скопје се одржа четвртиот и последен промотивен настан за првата TEDx-конференција во Скопје. Фотографиите од настанот може да ги погледнете на flickr или facebook. Како и на претходните собири, заедно гледавме три TED-видеа и ни се претставија уште двајца од говорниците. Досега се претставија шестмина од говорниците [...]