Зоран Дранговски, правник
Зоран Дранговски е правник кој повеќе години работи на застапување на баратели на азил и бегалци во Република Македонија.
Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, а во моментов работи на магистерската теза на тема “Концептот на граѓанска дипломатија како модел за мали земји” на факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Неговата работа вклучува правно советување и застапување на баратели на азил и бегалци во Република Македонија како и активности кои водат кон зајакнување на системот за азил и воспоставување на функционални механизми кои во целост ќе ги гарантираат човековите права на оваа ранлива категорија на лица.
Вклучен е во формирањето на регионална мрежа од организации кои работат со баратели на азил и активно придонесува кон остварувањето на мисијата и визијата на Македонското здружение на млади правници која е насочена кон зајакнување на капацитетите на младите правници и промоција и заштита на човековите права и слободи како и принципот на владеење на правото.
"" ""