TEDx настан во Скопје на тема “Град 2.0”

На 21 септември 2013 во Кинотека Скопје ќе се одржи вториот настан TEDxSkopje на тема Град со наслов City 2.0.

Настанот TEDxSkopje City2.0 кој што ќе се оддржи во Скопје ќе биде еден од повеќето настани кои под истото име ќе се оддржат на глобално ниво. Имено, настанот TEDxSkopje City2.0 ќе се случува во повеќе од 30 земји во светот, на 20 и 21 септември 2013 година, зависно од временските зони.

Настаните TEDx се одржуваат независно и оној кој што ја поседува лиценцата за градот ги избира темите на кои ќе се зборува. Ова е втора конференција на TEDxSkopje и овојпат темата на овој настан е градот.

Целта на TEDxSkopje е да креира, генерира и сподели идеи, да пренесе “аха” знаење и да создаде заедница од индивидуалци што сакаат да се дружат, мотивираат и инспирираат.

Минатата конференција на TEDxSkopje се одржа во oктомври 2010г. Од тогаш наваму, имавме доста идеи за теми на кои би можело да се зборува. Но, кога од TED го најавија настанот City2.0 знаевме дека таа е вистинската тема на која треба да споделиме идеи со граѓаните на Скопје. Говорници од различни области ќе зборуваат на тема град поврзано со уметност, едукација, храна, здравје, игра, јавен простор и безбедност.

City 2.0 и ќе ги опфати следниве теми:

- Редефинирање на граѓанинот
- Пресоздавање на урбаното искуство
- Обмислување на градот
- Прекројување на географиите

Во наредните неколку дена ќе бидат најавени и говорниците на овогодинешниот TEDxSkopje.

Напишете ваш коментар