Почеток на иницијатива за TEDxSkopje 2011

Мотивот,  ентузијазмот и иницијативата за пронаоѓање на “идеи вредни за споделување” продолжуваат и оваа година.

Организаторите на минатогодишниот TEDxSkopje ги консолидираа своите амбициозни тимови и започнаа со активности во потрага по нови, свежи, харизматични и уникатни говорници. TEDxSkopje е независен настан, организиран по лиценца, правила и насоки дефинирани од светски познататата конференција TED (ted.com).

Мисијата на TEDxSkopje и понатаму останува истата – создавање на контекст за инспирирација и споделување идеи.

Со цел остварување на нашата мисија, и оваа година ни е потребна вашата помош. Затоа, ве покануваме да ни помогнете во изборот на најдобрите идеи, говорници и презентации за TEDxSkopje 2011.

Вашите  предлози ќе можете да ги испраќате со пополнување на формуларот;

Предлог за говорник на TEDxSkopje 2011 .

Вашите коментари, предлози или идеи можете слободно да ги споделите на следниве локации:

вебсајт: www.tedxskopje.mk
e-mail: contact@tedxskopje.mk
facebook: http://www.facebook.com/TEDxSkopje
twitter: http://twitter.com/TEDxSkopje
Google група : https://groups.google.com/forum/#!forum/tedxskopje

Ви благодариме за поддршката и се надеваме дека заедно ќе изградиме продуктивна македонска заедница за споделување и реализација на уникатни идеи.

Напишете ваш коментар