Проекција на видеа: прва сесија – 01.12.2010 @ клуб-ресторанот МКЦ

Додека организацискиот тим на TEDxSkopje беше во пост-конференциска дремка, пријателите од Creative8 во текот на ноември работеа на монтажата на аудио и видео материјалите од говорите.

Еве нè повторно со серија од 4 настани на кои премиерно ќе бидат прикажани говорите во видео формат, онака како што набргу ќе може да бидат видени и на интернет.

Ве покануваме на првата ваква средба, оваа среда, 01.12.2010 во 17:30 часот во клуб-ресторанот МКЦ, за заедно да ги проследиме говорите од првата сесија. Колку за потсетување, програмата на конференцијата се наоѓа на следниот линк: Програма за првиот TEDxSkopje на 30.10.2010

Ве очекуваме

Еден коментар

  1. Томислав Зографски says:

    Ќе бидат ли видеава ставени на Youtube наскоро? Не можев да ги надам, ако се поставени негде, може линк?

Напишете ваш коментар